Мбапе со радикален услов до ПСЖ: Французинот бара нешто што му одговара на Реал Мадрид


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Шпански „АС“ објави дека растат шансите Реал Мадрид да го ангажира Килијан Мбапе, кој им поставил услов на парижаните за да го продолжи договорот со нив.

ПСЖ е во проблем затоа што има соработка со Мбапе до 2022 година, а Реал Мадрид го сака по секоја цена. Шпанскиот тим планира да понуди околу 180 милиони евра, а во случај да не потпише Французнинот нов договор, тогаш би можел да се пресели во Мадрид како слободен фудбалер.

Со нова клаузула во договорот на Мбапе би се задоволиле сите три страни. Првакот на Франција би се обезбедил дека може да добие многу милиони со трансфер на Французниот, а Реал би имал можнсот да го откупи напаѓачот во било кое време.