„Ѓаволите“ џабе се надеваа: Роналдо нема да се врати во Манчестер јунајтед!


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Манчестер јунајтед нема намера да го врати Кристијано Роналдо, а таа информација ја обајви „Манчестер Ивнинг Њуз“.

Иако во претходниот период се шпекулираше дека ќе се врати Роналдо во поранешниот клуб, сепак такво нешто нема да се случи.

Извори блиски до тимот јасно порачале дека не преговараат со Португалецот, па Кристијано најверојатно ќе остане во Јувентус уште некое време.

Еден од најдобрите фудбалери во историјата играше за Јунајтед од 2003 до 2009 година, по што се пресели во Реал Мадрид.

Со Јунајтед ја освои Премиерлигата, и тоа трипати. Потоа го освои Лига Купот, па ФА-купот, Суперкупот и Лигата на шампиони.