Марсело заминува од Мадрид, два италијански тима во борба за неговиот потпис!

Марсело на крајот на сезоната ќе си замине од Реал Мадрид, ако може да им се верува на шпекулациите на „Дон Балон“.

Шпанскиот медиум пишува дека бразилскиот фудбалер донел одлука и кариерата ќе ја продолжи во Серија А.

За потписот на Марсело се заинтересирани две италијански екипи, односно Јувентус и Интер, кои ќе водат голема борба за искусниот 32-годишен фудбалер.

Реал Мадрид нема намера да му стои на патот на Марсело, па тој слободно ќе може да си одбере нов клуб.

Според италијанските медиуми, Јувентус е фаворит за неговиот потпис поради Кристијано Роналдо, кој соработуваше со Марсело во Мадрид.