Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона може да жали затоа што сега во свои редови го нема Килијан Мбапе, иако имале шанса да го купат во 2017 година, и тоа за само 100 милиони евра.
Раководството на Жозеп Марија Бартомеу очигледно не работеше како што треба, а тоа го докажува и овој случај со Мбапе. Тие решија тогаш да платат 140 милиони евра за Осман Дембеле, наместо да го купат Мбапе за 100 милиони евра.
Каталонците разговарале со таткото на Мбпае и им соопштиле дека Французинот не сака да се пресели во Реал Мадрид затоа што веќе таму играа Герет Бејл, Кристијано Роналдо и Карим Бензема.
Објаснувањето за таквиот потег е повеќе од бизарно, затоа што каталонскиот гигант сметал дека Дембеле е тимски фудбалер за разлика од Мбапе.