Бугарите ни завидуваат: Видете каде е Македонија, а каде сме ние...

Бугарската фудбалска легенда Јордан Лечков, кој на Светското првенство во 1994 година со Бугарија го освои четвртото место, очигледно ни завидува на успехот кој го постигнавме минатата недела, а не е ни задоволен од тоа што го покажуваат бугарските репрезентативци.

Потпретседателот на бугарскиот фудбалски сојуз даде коментар за поразот на Бугарија од 0-2 од Финска.

„Видете ја Македонија, но не ја земам за пример зошто се пласираа на Европското првенство, туку каде играат тие, а каде се нашиве. Мачно ми е, треба да имаме посилна лига, а младите да имаат поголема желба за спорт. Можеби во минатото сме имале успеси, но сега е очајно“, вели Лечков.

Бугарија во последните години игра очајно, а тоа може да се забележи и по нивните катастрофални резултати.