Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лос Анџелес Лејкерс ќе ангажира големо засилување за следната сезона. Според американските медиуми Денис Шрудер е голема желба на шампионот од НБА-лигата.
Договор меѓу двата тима треба да се постигне наскоро, а Оклахома ќе го добие искусниот Дени Грин и 28. пик на драфтот.
Репрезентативецот на Германија зад себе ја има најдобрата сезона во кариерата. Тој на 65 одиграни натпревари во регуларниот дел во просек постигнуваше по 18,9 поени.
Лејкер насоро би можеле да го загубат Ражон Рондо и поради тоа не сакаат ништо да препуштат на судбината и ќе го ангажираат Шрудер, кој би можел да има слична улога како неговиот поискусен колега.