Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неверојатни работи се случуваат во НБА-лигата. Прво беше урнат рекорд откако го видовме првиот трејд во НБА по 284 денови, а потоа Милвоки ги ангажираше Холидеј и Богдан Богдановиќ.
Наскоро би можеле да видиме и голем трејд меѓу Хјустон и Бруклин, зашто Џејмс Харден има намера да се пресели во Бруклин.
Хјустон му понуди двегодишен договор на Харден вреден 103 милиони долари, но „брадата“ ја одби богатата понуда затоа што смета дека Рокетс не можат да го освојат прстенот.
Харден има уште три години од својот договор вреден 133 милиони долари, но тој не е задоволен и се подготвува да им се приклучи на Кајри Ирвинг и Кевин Дурант во Бруклин.
Тие двајца минатата сезона стигнаа во Бруклин, но Дурант ја пропушти цела сезона поради повреда, а Ирвинг полека се рехабилитира и одигра само 20 натпревари, па така Бруклин ќе ја напаѓа титулата следната сезона.