Меси „изгоре“ од нервоза: Го изнервираа новинарите, а имаше и средба со инспекторот за финансии! ?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Лионел Меси се врати во Шпанија по репрезентативните обврски со Аргентина, а леташе 15 часа од Перу за Каталонија и таму не доби пречек каков што очекуваше.

Медиумите и луѓе од Министерството за финансии го чекаа Аргентинецот да ја мина пасошката контрола, а тоа траеше 45 минути.

Новинарите го прашаа како ја коментира изјавата на агентот на Антоан Гризман, кој го обвини Меси дека намерно му пречел на Французинот во екипата.

„Изморен сум од тоа за секој проблем да ме обвинувате мене. покрај тоа, по 15 часа лет ме дочека и инспекција од Министерството за финансии. Неверојатно“, кажа нервозно Меси.

На снимката која се појави може да се забележи како Меси во автомобил го чекаше неговата сопруга Антонела.