Руни: Сонував да играм за Барселона со Меси, Иниеста, Чави…

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Вејн Руни пред 10 години имал намера да се пресели во Барселона, каде што сонувал да игра со Лионел Меси, Андрес Иниеста и Чави…

Руни во 2010 година бил желба на многу екипи, меѓу кои Барселона, Реал Мадрид, Челси и Манчестер сити, но по разговор со Алекс Фергусон, Англичанецот остана на „Олд Трафорд“.

„Во тоа време Барселона, Реал Мадрид, а мислам дека и Манчестер Сити беа заинтересирани за мене, но тие никогаш не беа опција. Сакав да играм за Барселона, но поблиску бев до трансфер во Мадрид. Се сеќавам еден ден седнав и размислував „замисли да играм во тој тим на Барселона заедно со Меси, Чави, Иниеста и Бускетс. Сепак, на крајот се предомислив и одлучив да потпишам нов петгодишен договор со Јунајтед“, вели Руни.