Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Вчера на 60-годишна возраст почина Диего Армандо Марадона, а причина за тоа беше срцев удар, кој го доживеа во неговиот дом, во близина на Буенос Аирес.
Марадона во својот дом имаше посебна соба со медицинска опрема, каде што одмараше, а таму минуваше и најголем дел од неговото време.
Неговиот доктор откри како изгледале последните часови на еден од најголемите фудбалери во историјата.
Аргентинецот се разбудил околу 10 часот, а тоа е порано од вообичаено, станал, пиел вода и прошетал низ домот.
Потоа се вратил во кревет да легне, но лековите кои ги земал не му помогнале, па веднаш била повикана Брза помош.
За жал, помош за Марадона немаше. Веднаш била почната постапка на реанимација, но залудно.