Вирусот ни ги растури плановите, кошаркарите се враќаат од Талин без одигран натпревар!

Македонската кошаркарска репрезентација нема да одигра ниту еден од двата предвидени натпревари во Талин, поради тоа што се појави ковид-19 кај нашите кошаркари.

Тројца македонски кошаркари се позитивни на вирусот, а на вчерашниот тест имало и нови лица кои се заразени со ковид-19, а таа информација ја потврдија и од КФМ.

Раководството на КФМ добило инструкции од ФИБА дека македонските кошаркари не се подготвени за натпреварување, па поради тоа е одложен и мечот против Естонија од 19.30 часот.

Одложените натпревари против Италија и Естонија ќе треба да се одиграат во февруари, во следниот квалификациски „прозорец“ на ФИБА.