Елмас добил трагични вести од неговото семејство пред мечот против Рома


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец и фудбалер на Наполи, Елиф Елмас настапи во финишот од мечот против Рома, кој заврши во корист на домаќините (4-0).

Елмас, меѓутоа, добил лоши вести пред самиот старт на натпреварот. Тој дознал дека неговиот дедо починал, па македонскиот фудбалер бил погоден од веста, но и покрај тоа излезе на теренот и заигра против Рома.

Според информациите на порталот „Инфоспорт.мк“ Елмас во текот на денешниот ден ќе допатува во Скопје за да присуства на погребот.