Лоши вести за „милионерите“: Халанд го заврши своето за Дортмунд во 2020 година!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Фудбалерите на Борусија Дортмунд играат на домашен терен против Лацио во петтото коло од групната фаза во Лигата на шампиони.

Дортмунд вечерва беше ослабен затоа што не игра нивниот најдобар фудбалер Ерлинг Халанд. Тој беше во плановите за вечерашниот меч против Лацио, но пред самиот дуел беше соопштеное дека нема да игра.

Многумина беа изненадени со информацијата дека Халанд воопшо не е во конкуренција за натпреварот, но набрзо од Дортмунд пристигна објаснување поради што Норвежанецот го нема ниту на клупа.

Од Дортмунд беше соопштено дека Халанд е повреден и според првите информации од Германија, тој ќе паузира до крајот на годинава, но повеќе детали ќе бидат познати утре по деталните медицински прегледи.