Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Една од најголемите ѕвезди во НБА-лигата, Леброн Џејмс го продолжи договорот со Лос Анџелес Лејкерс на уште две години за 85 милиони долари.
Џејмс на крајот на месецот ќе наполни 36 години, па ќе остане во Лејкерс до крајот на сезоната 2022/23, што ќе биде негова 20. сезона во најсилната кошаркарска лига во светот.
„ЕСПН“ објави дека Џејмс во следната сезона ќе заработи 39,2 милиони долари, па потоа 41,1 милион долари во сезоната 2021/22, а во последната ќе добие 44,4 милиони долари.
Леброн сезонава го предводеше Лејкерс до титулата, а претходно освои два шампионски прстени со Мајами хит во 2012 и 2013 година, како и еден со Кливленд кавалирс во 2016 година.