Нејмар најави „бомба“: Сакам да играм со Меси следната сезона!

Ѕвездата на ПСЖ, Нејмар имаше интересен коментар пред медиумите по победата против Манчестер јунајтед.

Бразилецот јавно кажа дека сака повторно да заигра со Лионел Меси, а неговите зборови предизвикаа шпекулации дека ќе се врати во Барселона.

Меѓутоа, поверојатно е Меси да се пресели во ПСЖ, зашто има можност следното лето да го напушти клубот.

„Тоа што најмногу го сакам е да заиграм повторно со Меси, да уживам со него на теренот. Желба ми е повторно да соработуваме од следната сезона“, кажа Нејмар.

И Леандро Паредес, соиграчот на Меси од репрезентацијата, сака да ја види „десетката“ на Аргентинецот во Париз.

„Го чекаме со отворени раце“, порача Прадес по победата во Манчестер.