Роналдо стигна до голем успех – 750 голови во кариерата!


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Португалецот Кристијано Роналдо беше еден од стрелците за Јувентус во победата против Динамо Киев од 3-0 во средбата од петтото коло во Лигата на шампиони.

Роналдо го постигна вториот гол на мечот во 57. минута и така стигна до бројката од 750 голови во кариерата.

„750 голови, 750 среќни моменти, 750 насмевки на лицата на нашите навивачи. Ви благодарам на сите кои ми помогнавте за овие бројки, им благодарам и на противниците што ме натераа да работам напорно“, напиша Роналдо.

Најмногу голови постигна во дресот на Реал Мадрид, односно 450. За Манчестер јунајтед даде 118, за Јувентус дури 75, а за Спортинг само пет голови. Додека за репрезентацијата на Португалија постигна 102 голови.