ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Човекот кој во моментов е на чело на Барселона, Карлес Тускетс кажа дека би го продал Лионел Меси минатото лето за да ги реши финансиските проблеми со кои се соочува клубот.
Шпанските медиуми објавија дека долговите на Барселона изнесуваат 488 милиони евра. Барселона поради големите долгови се договори за намалување на платите на играчите и членовите на стручниот штаб. На тој начин тие заштедија 122 милиони евра оваа сезона и 50 во наредните три години.
Тускетс истакна дека кога тој би се прашувал минатото летото би го продал Меси.
„Гледајќи од економска страна, јас ќе го продадев Меси. Со она што ќе го добиевме ќе ја решевме ситуацијата веднаш. Ла Лига има лимити за плати“, изјави Тускетс.
Тој додаде дека клубот ќе доцни со исплатата на плати во јануари.
„Тие имаат две исплати, една е во јануари, друга во јуни. Овој јануари нема да има ништо. Таа исплата ќе биде одложена“, откри Тускетс.