Ал Келаифи даде краток одговор за тоа дали ПСЖ ќе го ангажира Меси


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи доби прашање дали францускиот шампион следното лето ќе се обиде да го ангажира Лионел Меси.

Француски „РМЦ“ имаше објава дека Меси на лето ќе се пресели во ПСЖ, па на таа тема зборуваше и Ал Келаифи, кој имаше што да каже, но и да ги збуни сите.

„Не можам да зборувам сега за тоа“, кажа Келаифи и се насмеа во тој момент, па така ја отвори вратата за Аргентинецот во Париз следното лето.

Нејмар, наводно, има голем дел во оваа акција за ангажирање на Меси. Бразилецот по триумфот против Манчестер јунајтед во Лигата на шампиони кажа дека следната сезона сака да игра повторно со аргентинската ѕвезда.