„Парите никогаш не биле мака за Меси, проблемот е тоа што го измамија!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Барселона полека мора да се соочи со реалноста дека Лионел Меси би можел да си замине од клубот како слободен фудбалер на лето. Такво нешто беше најавено и пред неколку месеци, но Аргентинецот остана во тимот.

Жозеп Марија Бартомеу си поднесе оставка од претседателската позиција, па сега привремено на таа функција е Карлес Тускетс, кој кажа дека би го продал Меси минатото лето, ако Аргентинецот имал таква желба, а притоа со такво нешто ќе ги решел финансиските проблеми.

Сега во цела приказна се вклучи поранешниот прв човек на Каталонците, Жоан Лапорта, кој поднесе кандидатура за да се врати на чело на клубот.

„Лео сака да остане во Барселона, јас сакам повторно да биде среќен. Негов проблем не се парите, тој сака да игра во клуб кој секоја година ќе биде помеѓу најдобрите. Клубот го измами и тоа е проблемот. Тој е победник и не може да гледа од година во година како некој друг го крева трофејот во ЛШ. Нормално дека сакам да остане, благодарен сум му за се што направи за Барселона“, изјави Лапорта.