Нејмар со „уцена“: Ќе потпише нов договор само ако Меси дојде во ПСЖ


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Еден од најдобрите фудбалери на ПСЖ, Нејмар порача дека следната сезона сака да игра со Лионел Меси во Париз, а тоа предизвика шпекулации во светските медиуми за иднината на Аргентинецот.

Меси има договор до следното лето со Барселона и нема намера да го продолжи, па ПСЖ би можел да го ангажира како слободен фудбалер, а има и доволно пари за такво нешто.

Исто така, не е позната иднината на Нејмар, кој наводно ја „уценил“ управата дека ќе потпише нов договор доколку Меси дојде во Париз.

Ниту иднината на Килијан Мбапе не е позната, зашто нема потпишано нов договор и се поврзува со трансфер во Реал Мадрид.