Алегри им се понуди на гигантите од Премиерлигата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Италијанскиот стратег Масимилијано Алегри засега нема ангажман, иако одамна го напушти тимот на Јувентус, па често во минатото се поврзуваше со преземање на некој англиски гигант.

Алегри често го поврзуваа со Манчестер јунајтед, каде што Оле Гунар Солскјер немаше сигурна позиција, а сега и Алегри порача дека сака да работи во Премиерлигата.

„Сакам да работам во Премиерлигата. Во Италија работев четири години во Милан и пет во Јувентус. Сега очекувам повторно да бидам тренер во Италија или Англија. Следам англиски фудбал и посебно ми се допаѓа тоа што се почитува традицијата“, вели Алегри.