Реал Мадрид со еден гол ја урна Севиља 🎥


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Реал Мадрид ја прекина лошата серија од три меча без победа и го суреди ривалот Севиља со 1-0, па така сега има 20 бодови на табелата.

„Кралевите“ беа добри во првото полувреме и имаа шест шанси кон голот на Севиља, но не успеаа да искористат ниту една од нив.

Во второто полувреме ситуацијата беше сосема спротивна, па Севиља сакаше да го освои целиот плен од мечот, но тоа не им успеа, и покрај очајната игра на „кралевите“, кои постигнаа гол во 55. минута за конечни 1-0.

Реал Мадрид по 11 одиграни меча има 20 бодови на четвртото место во Ла Лига, колку што има и Виљареал, а пред нив се Атлетико Мадрид со 23 и Реал Сосиедад со 24.