Шевролет ќе го финансира трансферот на Роналдо во Манчестер јунајтед!?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Англиските медиуми најавија вистинска „бомба“ на трансфер-маркетот, зашто автомобилскиот гигант Шевролет решил да му помогне на Манчестер јунајтед при ангажирање на нивниот поранешен фудбалер Кристијано Роналдо.

Манчестер Јунајтед долги години се мачи и засега изгледа дека во оваа конечно се на вистинскиот пат. Со доаѓањето на Бруно Фернандеш Јунајтед доби многу, а сега се шпекулира дека ќе направат обид да го вратат Роналдо.

Во „Шевролет“ знаат дека Роналдо може да се исплати на разни начини, само неговото име е доволно да се зголеми продажбата на дресови, и акциите на клубот би скокнале веднаш. Таков беше случајот кога Роналдо од Реал премина во Јувентус.

Нешто што би можело да направи проблем е неговата плата. Прашање е дали Јунајтед ќе може да исплаќа 30 милиони евра по сезона колку што добива Јувентус, сепак не се исклучува можност и тука „Шевролет“ да помогне.