Македонија ги дозна противниците во квалификациите за СП 2022

Македонската фудбалска репрезентација ги дозна противниците за квалификациите за пласман на СП во Катар 2022 година.

Денешната ждрепка ја смести Македонија да се најде во групата Ј со селекциите на: Германија, Романија, Исланд, Ерменија и Лихтејнтшајн.

Победниците на десетте квалификациски групи ќе обезбедат пласман на Мундијалот, додека второпласираните, заедно со две селекции од новото издание на Лигата на нации, ќе играат баражи за обезбедување билет за Катар 2022.

Квалификациските натпревари ќе се играат во март, септември, октомври и ноевмри следната година.