Турците со ултиматум: Башакшехир бара казна за судијата, инаку нема да играат!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерите на Башакшехир нема да го продолжат мечот со ПСЖ во Лигата на шампиони, ако четвртиот судија, кој го обвинија за расистички навреди, не биде отстранет од натпреварот.

Претседателот на турскиот тим порача дека четвртиот судија за едно лиде од стручниот штаб на Башакшехир кажал „овој црн човек тука“.

Турските фудбалери протестираа кај судијата и бараа објаснување по инцидентот, по што им се приклучија и фудбалерите на тимот од Париз, па сите заедно излегоа од теренот.

Натпреварот од шестото коло во група Х во Париз беше прекинат во првото полувреме при резултат 0-0.