Хакери по инцидентот тргнаа да му го загорчат животот на романскиот судија! 📷


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Романскиот судија Себастијан Колетску е човекот за кој зборува цел свет. Тој имаше расистички испад на мечот меѓу ПСЖ и Башакшехир во Лигата на шампиони.

По неговиот коментар кон Пјер Вебо, тимовите заминаа од теренот во соблекувалната, по што беше прекинат натпреварот.

УЕФА реши да го испрати романскиот судија дома, а интересно е тоа што неколку минути по инцидентот неговиот профил на Инстаграм беше хакиран.

Прво беше поставена слика од Пјер Вебо, а потоа хакерите ставија и турски знамиња и порака „НЕ за расизмот“.