„Ситуацијата во Барселона е катастрофална, никој не му помага на Меси!“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Нов убедлив пораз ја „здрма“ Барселона, пред која е една од најтешките сезони во последните две децении.

Јувентус синоќа славеше со 3-0 против Барселона, а на удар на медиумите беа фудбалерите на каталонскиот гигант.

Еден од тие кои го коментираа синоќешниот пораз е поранешниот играч на Барселона, Луис Суарез Мирамонтес.

„Ситуацијата е катастрофална. Забележувам индивидуални и колективни грешки. Нема острина, агресивност, квалитет, тоа исчезна… Играчите се губат на теренот, мора да покажат квалитет независно од теренот. Никој не му помага на Меси“, порача тој.