Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кристијано Роналдо му донесе триумф на Јувентус од 3-0 против Барселона во последното коло од групната фаза од Лигата на шампиони.
Португалецот во мечот беше поуспешен од неговиот голем ривал и веднаш почнаа споредбите за тоа кој бил подобар од нив.
Се јави сестрата на Роналдо, Елма Авеиро, која објави фотографија од својот брат кој слави, и тоа пред Лионел Меси, кој е на колена пред него.
„Мојот крал. Најдобар во историјата. Гордост на мојата живот“, напиша Елмас.
Роналдо претходно кажа дека Меси не го гледа како свој ривал.
„Никогаш не сум го гледал како ривал. Секогаш се обидуваме да го направиме најдоброто за својот тим. Имаме добри односи и секогаш е убаво да се игра против него“, кажа Роналдо.