Познато кога ќе се врати публиката на стадионите во Велика Британија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Британскиот министер Оливер Дауден кажа дека се надева на целосно отворање на стадионите на есен 2021 година.

Од 2 декември во некои делови на Велика Британија е дозволено да има навивачи на стадионите, па така натпреварите на Ливерпул, Челси и уште некои тимови ги гледаа фановите.

Таквата ситуација ќе биде актуелна до крајот на сезоната 2020/21, а се очекува дека ситуацијата ќе се нормализира дури од есен, зашто во Британија почна вакцинацијата против ковид-19.

Англија е домаќин на Светскиот куп за рагби во октомври и ноември следната година, па се очекува тогаш стадионите да бидат полни.

„Едвај го чекаме тој настан кој е главен во 2021 година. Се надевам дека целосно ќе се врати публиката на стадионите“, кажа тој.