ПСЖ ќе го продава Нејмар за „ситно“!?


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


ПСЖ планираше да го задржи бразилскиот репрезентативец Нејмар, но доколку не можат да се договорат за нова соработка, тогаш францускиот шампион ќе го продаде Бразилецот следното лето за 100 милиони евра.

Француските медиуми пишуваат дека првиот човек на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи ќе се обиде да му ги исполни барањата на Бразилецот, а доколку тој не ја прифати понудата, ќе мора да си бара среќа на друго место.

Засега не е познато што ќе се случи со Нејмар, кој неодамна кажа дека следната сезона сака да игра заедно со Лионел Меси, па ова ја отвора можноста и за Барселона, која би можела да го врати за помалку пари, отколку што го продаде.