Први детали за повредата на Нејмар


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Нејмар се повреди во мечот против Лион (0-1) во Париз во самиот финиш на натпреварот, па поради неговата реакција, ситуацијата изгледаше ептен драматично.

Нејмар ги исплаши сите дека би можел да паузира долго време од терените, но првите медицински прегледи покажаа дека Бразилецот поминал добро по ударот.

Бразилецот нема скршеница на зглобот и тоа е добро затоа што во спротивно ќе мораше да паузира најмалку три месеци и немаше да настапи против Барселона во Лигата на шампиони.

Наскоро се очекуваат повеќе детали за повредата на бразилскиот фудбалер, а според првите најави Нејмар ќе отсуствува само неколку недели.