Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Контроверзниот менаџер Мино Рајола пред една недела зборуваше за иднината на францускиот репрезентативец Пол Погба и кажа дека наскоро ќе си заминат од Манчестер јунајтед.
Рајола денеска кажа дека зборувал за трансфер на крајот на сезоната, а не во јануари, како што шпекулираа најголем дел од светските медиуми, но засега не е познато која ќе биде негова следна дестинација, иако Реал Мадрид е најсериозен кандидат за неговиот потпис.
„Погба со сигурност ќе има добра иднина. Јас не можам да ја предвидувам иднината, јас само ја коментирам сегашноста. За жал во Англија се многу чуствителни кога се зборува за Погба. Јас зборував за трансфер на лето, бидејќи големите играчи тешко ги менувата клубовите во јануари. Ќе видиме што ќе се случи на лето“, кажа Рајола.