Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Еден од најдобрите млади фудбалери во светот, Ерлинг Халанд во моментов настапува за Борусија Дортмунд и негов сон е да ја освои Лигата на шампиони.
Халанд сезонава постигна неверојатни 17 голови на 14 натпревари во сите натпреварувања, а откри дека негови главни примери се Кристијано Роналдо и Златан Ибрахимовиќ
„Двајцата се вистински феномени. Се воодушевував кога ги гледав на ТВ. Тие се примери за мене и не само за мене, нив треба да ги следат сите млади фудбалери. Неверојатно е како играат на таков начин на толку години“, кажа Халанд.
Најголемиот сон на Халанд е да ја освои ЛШ.
„Мојот најголем сон е да ја освојам Лигата на шампионите. Сакам да победувам и освојувам трофеи со Дортмунд. Баерн во овој момент најдобра екипа на светот и ние мораме да пронајдеме начин да го кренеме нашето ниво на игра и да бидеме подобри“, порача норвешкиот голгетер.