Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски постигна гол во победата од 5-2 против Њукасл и така му помогна на Лидс да освои нови три бода во Премиерлигата.
Ова беше прв гол на Македонец во Премиерлигата по пауза од 1998 година, кога Ѓорѓи Христов погоди за Барнсли во 1998 година.
„Среќен сум за секој гол, убаво е кога ќе дадете пет гола и тоа од пет различни играчи. Ме радува брзата транзиција кога го дадов голот. Транзицијата од одбрана во напад ни беше навистина одлична, заслуживме ваква победа“, вели Алиоски.
Лидс не се откажува од атрактивниот стил на игра и поради тоа нивните дуели се интересни за публиката.
„Не се откажуваме и веруваме во стилот кој го играме. Успесите ќе дојдат, наше е да работиме и да бидеме среќни. На секој меч го даваме максимумот, но не може секогаш резултатот да биде во ваша полза. Како што кажав ние работиме и веруваме, успехот ќе дојде. Немаме многу време за одмор не чека натпреварот со Манчестер Јунајтед“, кажа Алиоски.
Any pundit or fan that claims Leeds’ recent form has been down to tiredness and potentially burnout – watch this.
— LeedsUnited.News (@LeedsUtd_News) December 16, 2020
85th minute. Newcastle corner, turned into 5 against 2. Alioski goal.#lufc #alaw #mot pic.twitter.com/nYdVNDAni8