Рамадани доаѓа на преговори со Милан: Јовиќ потпишува со „росонерите“?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Милан е лидер во Серија А и тие ја гледаат својата шанса конечно да ја освојат титулата, па поради таа причина сакаат да ја засилат конкуренцијата во нападот, посебно поради честите повреди на Златан Ибрахимовиќ.

Јовиќ, од друга страна, има проблеми во Мадрид. Имаше вирус, а потоа се врати на тренинг, па се повреди и не постигна ниту еден гол, а идејата е да се пресели во Серија А, каде ќе се обиде да ја врати формата.

Покрај Ибрахимовиќ на позицијата напаѓач во Милан играат Рафаел Леао и Анте Ребиќ. Хрватскиот фудбалер му беше соиграч на Јовиќ во Ајнтрахт Франкфурт, кога Србинот играше најдобро.

Фали Рамадани, агентот на Јовиќ, во вторник доаѓа во Милан, каде ќе ги почне преговорите за шестмесечната позајмица.