Бензема ја прекина доминацијата на Меси и Роналдо!


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Еден од најдобрите фудбалери на Реал Мадрид, Карим Бензема ја доби наградата „Алфредо ди Стефано“ во избор на „марка“, која се доделува веќе 12 години.

Наградата ја добива фудбалерот кој постигнал најмногу успех во шпанската лига, а оваа година најдобар беше францускиот фудбалер Карим Бензема, кој минатата сезона постигна 21 гол.

„Среќен сум што ја освоив наградата. Тоа е награда за напорната вработа која ја вложив од 2009 година“, кажа Бензема.

Со освојување на наградата од страна на Бензема, тој ја прекина доминацијата на Лионел Меси и Кристијано Роналдо, кои претходно го добиваа признанието.