Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Поранешната ѕвезда на Барселона, Ривалдо призна дека сакал да заигра во кариерата за Реал Мадрид. Бразилецот имаше одличен однос со легендарнито Роналдо и сакаше да игра со него.
Ривалдо кажа дека не би имал ништо против доколку се преселел во Реал Мадрид.
„Би било врвно да играв со Роналдо во Реал Мадрид. Ќе бевме страшно дуо. За Бразил покажавме што можеме, а ќе бевме уште поопасни доколку хемијата од клубот ја пренесевме во репрезентацијата. Одбраната на противникот би се плашела од нас, без оглед каде ќе игравме“, кажа Ривалдо.
Бразилецот откри дека во 2002 година можел да заврши во Мадрид.
„Тоа лето Роналдо потпиша за Реал Мадрид. Тие ме сакаа и мене. Никогаш не би одбил понуда од Реал затоа што играв за Барселона. Тие секогаш ќе бидат мој клуб, но не би го одбил Реал“, кажа Ривалдо.