Наскоро треба да потпише за ПСЖ, а како засилување го сака – Меси!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Аргентинскиот тренер Маурицио Покетино во моментов води преговори со ПСЖ и треба да го преземе францускиот гигант, а веќе има план за следни засилувања во тимот.

Француските медиуми објавија дека Покетино го сака Лионел Меси во екипата, кој минатото лето сакаше да ја напушти Барселона, но остана и има договор до следното лето.

Покетино ќе се обиде да го купи Меси уште во јануари, но доколку не успее во својата намера, тогаш по неговиот потпис ќе тргне во јуни.

Кандидатот за тренер на ПСЖ веќе покажа желба и за Кристијан Ериксен од Интер и Деле Али од Тотнем, па останува да видиме што ќе се случи.