Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Аргентинската ѕвезда Лионел Меси минатото лето беше во центар на внимание затоа што сакаше да замине од Барселона, но поранешниот претседател Жозеп Марија Бартомеу го одби неговото барање.
Вчера беше објавено интервјуто на Меси во кое тој зборуваше за многу теми, а најмногу внимание привлече тоа што Аргентинецот не знае дали сака да остане по оваа сезона.
„Повторно би испратил бурофакс бидејќи тоа е официјално барање за трансфер. Му зборував на претседателот дека сакам да заминам и да ми помогне, не го правеше тоа. Ми зборуваше да бидам сериозен и дека ако сакам такво нешто со официјално барање да го известам клубот. Бартомеу и излажа многу пати во изминатите години, но не сакам сега да навлегувам во детали. Последната година беше тешка за сите во клубот. Знам дека ако отидев на суд ќе ги добиев, тоа не ми го потврди еден адвокат туку повеќе. Сепак, не сакав да си заминам на таков начин, Барселона е клубот во кој се изградив и како фудбалер и како чоек. Сопругата Антонела ме советуваше да одам на психолог, но мене ми беше тешко да се отворам“, кажа Меси.