Солскјер: Понекогаш мора да одите и по потешкиот пат до победа!


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Манчестер јунајтед во последните осум години никогаш не бил во таква позиција на 2 јануари да има ист број бодови со лидерот на табелата.

Ливерпул е прв само поради подобра гол-разлика, но има исто така 33 бодови и на 17 јануари очекуваме големо дерби на „Енфилд“ меѓу тимовите.

Манчестер јунајтед имаше лош старт, но потоа влезе во форма и во последните 10 натпревари во лигата имаат осум победи и две ремија.

„Мора да сме задоволни со позицијата на која сме во моментов. Има голема разлика во однос на претходните 12 месеци. Може да загубите шанса да се борите за титулата во првите 10 кола, но за нас најважно е да напредуваме. Ќе има вакви тешки натпревари, но некогаш мора да се оди и по потешкиот пат до победата“, порача Солскјер.