Србија не може да си најде селектор – Пикси е во игра, се преговара и со Милошевиќ…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Уште ништо не е сигурно во Србија за тоа кој ќе биде селектор на фудбалската репрезентација. Се шпекулираше дека Фудбалскиот сојуз се договорил со Саво Милошевиќ, но тоа не се случило.

Според последните информации, Драган Стојковиќ – Пикси е во игра за селекторската позиција, иако претходно го отпишаа, па наскоро се очекуваат повеќе информации.

Србите немаат многу време до почетокот на квалификациите за Мундијалот во Катар и затоа ФСС ќе влезе во последна офанзива за да го реши ова прашање. Прв пик останува Пикси на кого ќе му се даде време до крајот на неделата. До тогаш тој ќе се обиде да ја реши неговата ситуација со раскинување на договорот во Кина.

Доколку до 11 јануари Пикси не даде потврден одговор тогаш федерацијата ќе бара нови решенија. Во игра се Саво Милошевиќ, Владан Милојевиќ и Славиша Стојановиќ.