Неочекуван проблем пред дербито: Јувентус го одложи патувањето за Милано


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Јувентус утре треба да се соочи против Милан на „Сан Сиро“ од 20.45 часот, но актуелниот италијански шампион остана во Торино и го одложи патувањето.

Фудбалерите и стручниот штаб на „Старата дама“ ќе мора да прават тестови на ковид-19 пред дербито, па по објавување на резултатите, тие утре ќе заминат кон Милано.

Јувентус донесе таква одлука, откако претходно двајца фудбалери им се заразија со ковид-19, а тоа се Алекс Сандро и Хуан Квадрадо.

Доколку утре има нови позитивни случаи Јувентус може да се одлучи да побара одложување на натпреварот.