Три големи грешки кои влијаеа директно на резултатот во дербито меѓу Милан и Јувентус


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во големото италијанско дерби синоќа Јувентус славеше како гостин на „Сан Сиро“ со 3-1 против Милан.

Самиот меч беше интересен од почетокот, но по дуелот следеа критики на сметка на судењето. Во својата ангализа „Газета дело Спорт“ потврди дека главниот судија Масимилијано Ирати направил три големи грешки кои влијаеле на резултатот.

Првата грешка е тоа што не го поништи голот на Калабрија за 1-1, зашто Хакан Чаланоглу претходно направи прекршок над Рабио.

Потоа Ирати не му даде втор жолт картон на Бентакур при резултат 1-1, а веднаш потоа Кјеза постигна гол за водство на Јувентус од 2-1.

И на крајот, се смета дека Ирати морал да досуди пенал за Милан во судиското надополнување по стартот на Рабио врз Дијаз.