Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Талентираниот голман Костадин Захов останува во Шкендија до 2023 година, откако денеска потпиша нов договор со екипата од Тетово и така тимот го реши прашањето за голманската позиција.
Захов е еден од најдобрите голмани во македонската Прва лига и Шкендија направи одличен потег со потпишувањето на нов договор.
„Среќен сум што ќе останам во клубот каде што ги поминав најдобрите денови и остварив големи успеси. Шкендија ми даде многу и се надевам дека на овој начин успеав до некаде да и возвратам“, кажа Захов за официјалната страна на клубот.
Во редовите на Шкендија Захов дојде во 2016 година и од тогаш одигра 176 натпревари.
Dino Zahov ✍ 2023
— Shkëndija Football Club (@fcshkendija) January 12, 2021
👉 https://t.co/cyfltMydFv pic.twitter.com/LOxHMYI2yG