Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пеп Гвардиола на лето ќе има задача да засили три позиции во тимот, а за тоа ќе добие буџет од дури 250 милиони евра.
Британски „Телеграф“ објави дека приоритети се замена за Серхио Агуеро и Фернандињо, како и нов лев бек затоа што Бенџамин Менди не ги исполнува барањата.
Гвардиола има три желби за нападот, а тоа се Ромелу Лукаку, Ерлинг Халанд и Дарвин Нуњез. Лукаку блесна во тимот на Интер, додека Халанд е голема желба на многу екипи, како што се Реал Мадрид, Барселона, Јувентус и Манчестер јунајтед. Додека третиот на список е Нуњез, кој го следи и Барселона.
Гвардиола се подготвува за преоден рок од соништата и со 250 милиони евра би требало да си ја врати титулата во Манчестер.