Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Јувентус не игра најдобро сезонава, а лошата игра ја покажа и во поразот од Интер со 0-2 во Серија А.
Многумина сметаат дека на тренерот Андреа Пирло му треба време да се прилагоди во Торино, но дел од медиумите немаа милост кон Јувентус.
„Тутомеркато“ пишува дека Кристијано Роналдо е еден од главните проблеми во играта на Јувентус.
„Јувентус се посвети на Роналдо и неговите рекорди, а тоа ја прави лоша играта во тимот“, е само една од анализите на италијанските медиуми.
Јувентус по 17 одиграни меча се наоѓа на петтото место со 33 бодови, односно десет помалку од лидерот Милан.