Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Францускиот тренер Зинедин Зидан се соочи со голем притисок по испаѓањето од шпанскиот Куп, но медиумот „Марка“ пишува дека Французинот ќе остане на кормилото на Реал Мадрид.
Францускиот стратег ќе остане на тоа место до крајот на сезоната, а потоа претседателот Форентино Перез ќе има нови разговори за можно продолжување на договорот.
Зидан, кој со Реал освои три трофеи во Лигата на шампиони и два во Ла Лига, следниот меч го игра против Алавес во домашното првенство.
И покрај лошите резултати на тимот на Зидан, тој има голем кредит кај управата, која порача дека сега не е вистинското време за промени.
Навивачите, исто така, не се задоволни, но притисокот не е толку голем за управата да го избрка Зидан во истиот момент.