Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски ќе го напушти Спортинг Лисабон затоа што не добива шанса на теренот, а неколку екипи се борат за неговиот потпис, меѓу кои најблиску до неговиот потпис е Олимпијакос.
Македонецот привлече интерес од неколку тимови, како што се Спартак Москва, Фиорентина, па се шпекулираше дека ќе се пресели во Русија, но најновите информации на „О`Жого“ се дека Ристовски ќе потпише за Олимпијакос.
Грчкиот тим ќе го ангажира македонскиот репрезентативе на позајмица до крајот на сезоната, а во договорот со Спортинг ќе има можност и да го откупи следното лето.
Тренерот на Олимпијакос покажа интерес за македонскиот фудбалер, па преговорите во моментов се во тек и се очекува конечен исход за иднината на Ристовски.