Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Реал Мадрид ја загуби можноста да се бори за тројната круна сезонава, откако беше поразен од Атлетик Билбао во Суперкупот, а потоа и во Купот од третолигашот Алкојано.
„Кралевите“ не играат најдобро ниту во шпанската Ла Лига и имаат 10 бодови помалку од лидерот Атлетико Мадрид.
Единствена шанса за спас на сезоната Реал има во Лигата на шампиони, а тоа може да биде спас и за Зинедин Зидан, кој е пред отказ.
Шпанските медиуми објавија дека Зидан и Реал ќе се разделат на сезоната, освен ако Французинот не ја освои титулата во Лигата на шампиони со шпанскиот шампион.