Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанските медиуми пишуваат дека Лионел Меси планира да поднесе тужба против едно лице кое во минатото било дел од раководството на Барселона.
Меси го продолжи договорот со Барселона во 2017 година и за четири години ќе заработи 555 милиони евра, односно околу 138 милиони евра годишно.
Аргентинецот смета дека деталите од договорот не ги објавил поранешниот претседател на клубот Жозеп Бартомеу, туку тоа бил Карлес Тускетс, кој во минатото беше дел од управата на тимот.
Тускест и претходно зборуваше дека Барселона мора да го продаде Меси затоа што многу пари се одвојуваат на неговата плата.